Ѓоковиќ ќе заврши со највеќе освоени грен слем титули во историјата

epa09136903 Novak Djokovic of Serbia in action during his third round match against Daniel Evans of Britain at the Monte-Carlo Rolex Masters tournament ?in Roquebrune Cap Martin, France, 15 April 2021. EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Поранешната тенисерка, а сега стручен консултант на Еуроспорт, Барбара Шет смета дека единствен начин да се одреди кој е најдобриот тенисер во историјата е според освоените грен слем титули, и таа верува дека тоа ќе биде Новак Ѓоковиќ.

Дебатата околу големата тројка која ја сочинуваат Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, за тоа кој е најдобар во историјата, сè уште трае. Сите тројца тенисери имаат различни стилови на игра, имаа свои периоди во кои доминираа и поради тоа дебатата за тоа кој е најдобар ќе трае, а сега се вклучи и Барбара Шет.
– Мислам дека битката за тоа кој ќе има највеќе грен слем титули ќе се води помеѓу Рафа и Новак. Можеби Рожер мисли дека може барем уште еднаш да победи на Вимблдон, но ќе биде тешко да го оствари тоа поради неговите години но и бидејќи долго време беше надвор од тенисер поради повреда. Бо сакала да го видам да освои барем уште еден Вимблдон, но долго време е надвор од тенисот и ќе има големи проблеми доколку игра мечеви во пет сетови – изјави Шет за „тенис 365“ која потоа го даде своето мислење за тоа кој ќе има највеќе грен слем титули.
– Еден дел од одлучувањето за тоа кој ќе биде најдобриот тенисер во историјата ќе биде и бројот на освоени грен слем титули. И Новак и Рафа според мене изгледаат физички добро за мене и мислам дека Ѓоковиќ на крајот ќе ги помине Надал и Федерер – додава Шет.

Моментно на врвот на листата со највеќе освоени грен слем титули се наоѓаат Надал и Федерер со по 20 трофеји, додека Ѓоковиќ има 18 грен слем титули.
– Мора да им оддадеме признание на оваа голема тројка, неверојатно е тоа што го направија за тенисот. Никогаш повеќе нема да доживееме вакво нешто. Не е важно дали ќе освојат 21,22 или 23 грен слем титули бидејќи засекогаш ќе бидат запомнети како најдобри со својата ера и тоа е едноставно феноменално.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот