Ѓоковиќ: Ќе морам да разговарам со Роже и со Рафа

EPA-EFE/CLAUDIO ONORATI

Станува збор за две речиси исти натпреварувања кое се одржуваат во период од 40 дена и претседателот на советот на играчи, Новак Ѓоковиќ, смета дека такво нешто не може да функционира во иднина. Ѓоковиќ кој со Србија настапуваше на Дејвис купот на кој триумфира Шпанија, порача дека ќе почека да заврши и АТП купот во јануари пред да донесе одлука. Тој најави дека пред да го донесе официјалниот став на советот на играчи, ќе разговара со Федерер и Надал.

– Не сум разговарал за ова со Рафа и со Роже бидејќи одлуката е донесена од порано. Како што е познато ИТФ и Космос одлучија да го променат форматот, а АТП си направи ново куп натпреварување кое ќе го видиме во јануари. Мислам дека многу врвни тенисери ќе бидат таму и тогаш ситуацијата ќе биде појасна. Како и да е, мислам дека челниците на АТП и на ИТФ ќе мора да седнат и да разговараат – изјави Ѓоковиќ.

Очекувањата се дека срредбата на големата тројка која доминира на тениските терени во последните 15 години, ќе биде клучен во одредувањето на ставот на тенисерите кој подоцна ќе им биде презентиран на челниците на АТП и на ИТФ.

– Ќе разговарам со Роже и со Рафа и ќе побарам нивно мислење. Ние сме дел од Советот на играчи, иако не носиме одлуки. Луѓето мислат дека ние тројца ги носиме одлуките, а тоа не е вистина. Вистината е дека нашите размислувања и идеи се ценат – потенцира Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот