Ѓоковиќ ќе ја брани титулата во Мадрид

Новак Ѓоковиќ е деветкратен шампион на Австралија Опен/ фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Органзаторот на Мастерсот во Мадрид, денеска ја објави листата на учесници на годинешниот турнир и на неа се наоѓа името на првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер ја освои титулата во 2019 година, додека турнирот не се одржа во 2020 година поради пандемијата на коронавирусот.
Покрај Ѓоковиќ, на Мастерсот во Мадрид кој ќе се игра од 2. до 9. мај, ќе настапат и Рафаел Надал, Рожер Федерер, Данил Медведев, Стефанос Циципас….
Најуспешен тенисер на Мастерсот во Мадрид е Рафаел Надал со пет триумфи, додека Ѓоковиќ и Федерер имаат по три триумфи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот