Ѓоковиќ ќе има еден „проблем помалку“ на Австралија опен!?

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е владетел на грен слем турнирот „Австралија опен“, и можно е да не се грижи за евентуален дуел со неговиот најголем ривал на стартот од новата сезона.

Односно првите најави велат Рожер Федерер нема да настапи на првиот грен слем во 2021 година:

– Моето колено и натаму не е 100% подготвено и ќе ми треба малку повеќе време да се опоравам. Сигурно нема да играм додека не бидам целосно подготвен. Се надевав дека тоа ќе се случи во октомври, а ќе биде „тесно“ за Австралија опен. Мојот фокус ќе биде во летниот период, за Вимблдон, Олимписките игри и УС Опен – вели Федерер.

Победникот на 20 грен слем трофеи и шесткратен шампион на Австралија опен нема одиграно ниту еден меч од 30 јануари, кога загуби во полуфиналето во Мелбурн од Ѓоковиќ. Синоќа беше прогласен за најдобар спортист во Швајцарија во последните 70 години.

EPA-EFE/NIC BOTHMA

– Ѓоковиќ е се поблизу до рушење на рекордот на Федерер

Првиот светски рекет од денеска (14 декември) ја започна 299 недела од своето владеење на врвот на АТП-листата.

Кон крајот на тековната сезона Ноле ја обезбеди првата позиција до крајот на 2020 година и наскоро треба да го престигне Федерер на листата според бројот на поминати недели на врвот на АТП.

Швајцарецот го држи рекордот по бројот на недели поминати на врвот – вкупно 310, а Новак би требало да стане новиот рекордер во март 2021 година, доколку сè оди добро за српскиот тенисер.

ВИДЕО: Новак и Јелена Ѓоковиќ си купија луксузна вила со неверојатен поглед во Шпанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот