Ѓоковиќ ќе игра во Токио

EPA-EFE/JASON SZENES

Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот кој на крајот од месецов започнува во Токио. Српскиот тенисер одлуката за настап ја донесе вчера, тој се чувствува подобро и ќе се обиде да го одигра турнирот во јапонскиот град.

Последниот натпревар на Ѓоковиќ беше во осминафиналето на УС Опен кога поради повреда на рамото мораше да го предаде мечот на Станислас Вавринка.

Ѓоковиќ досега ниту еднаш не триумфирал во Токио и ќе се обиде да дојде до првиот триумф годинава како прв носител. Главни конкуренти за титулата ќе му бидат Марин Чилиќ, Борна Чориќ, Станислас Вавринка и Давид Гофан.

Турнирот од серијата 500 во Токио, ќе се игра од 30 септември до 6 октомври, а наградниот фонд изнесува 1.5 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот