Ѓоковиќ ќе го брани трофејот во Мелбурн : Во јубилејниот 50. дуел, подобар од Федерер

twitter/#AusOpen

Новак Ѓоковиќ во првото полуфинале со максимални 3:0 во сетови го победи Рожер Федерер во полуфиналето на Австралија Опен.

Српскиот тенисер во недела наутро ќе го брани трофејот на Австралија Опен, а воедно ќе атакува на осмиот шампионски пехар во Мелбурн. Ѓоковиќ досега играше седум пати во финалињата на Австралија Опен и секој пат триумфираше.

Победата над Федерер во полуфиналето му беше 13. по ред во Мелбурн бидејќи и минатата година ја освои титулата. Јубилејниот 50. меѓусебен дуел со Федерер, Ѓоковиќ го доби со 7:6,6:4,6:3 и сега води со 27:23 во меѓусебните дуели, а интересно е што ова е четврто полуфинале на двајцата тенисери во Мелбурн и во сите четири натпревари како победник излегуваше Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер воедно ја продолжи серијата на победи над Федерер на грен слем турнирите,
бидејќи последниот пораз од Швајцарецот го доживеа во полуфиналето на Вимблдон 2012 година.

Ѓоковиќ лошо го започна натпреварот, по Федерер направи брејк и дојде до водство од 4:1 во гемови. Сепак, откако успеа да спаси три брејк топки во шестиот гем, почна да игра многу подобро, го врати загубениот сервис и во тај брејкот со убедливи 7:1 успеа да го добие првиот сет.

По овој сет играта на Федерер како да се распадна, Ѓоковиќ беше тој што го диктираше ритамот и постојано се закануваше да го одзеде сервисот на противникот. Тоа му успеа по еднаш во наредните два сета со кои дојде до конечна победа и пласман во финалето каде ќе игра со подобриот од второто полуфинале помеѓу Александер зверев и Домионик Тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот