Ѓоковиќ ќе биде најдобриот тенисер на сите времиња!

Ѓоковиќ заедно со Поспишил ја формираа Асоцијацијата на тениски професионалци/ фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Новак Ѓоковиќ има најголеми шанси да биде најдобар тенисер на сите времиња, според Тим Хенман, некогаш познат британски играч. Клучниот аргумент на Британецот се возраста и здравјето во однос на двајцата главни конкуренти Рафаел Надал и Рожер Федерер.

– Доколку требаше да изберам играч кој ќе освои најголем број големи титули на крајот од таа трка, тогаш тоа би бил Новак Ѓоковиќ – рече Хенман.

Потоа, Британецот го објасни својот став околу српскиот ас..

– Ја гледам неговата игра, неговата физиономија, ми се чини дека тој сè уште е во добра форма. Тој лесно може да ги престигне Федерер и Надал. Особено Рафа, неговото тело претрпе многу поради тие повреди на коленото – додаде Хенман.

Федерер и Надал имаат по 20, а Ноле во новата сезона влегува со 17 грен слем трофеи. Турнирот „Австралија опен“ според досегашните најави најверојатно ќе започне на 8 февруари 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот