Ѓоковиќ како „брз воз“, со Тим за финале (ВИДЕО)

twitter.com/rolandgarros

Минатогодишниот финалист, Доминик Тим полесно од очекувањата го совлада Карен Хачанов со резултат 3:0 по сетови 6:2, 6:4 и 6:2 за еден час и 49 минути игра.

Рускиот тенисер ниту еднаш не го загрози триумфот на Австриецот кој четврти пат по ред обезбедува пласман во полуфиналните борби.

За пласман во големото финале во Париз Тим ќе ги одмери силите против Новак Ѓоковиќ кој пак за два часа и 11 минути со 3:0 беше убедлив над Александар Зверев (7:5, 6:2, 6:2).

Во второто полуфинале на машкиот турнир ќе се сретнат великаните во тенискиот спорт, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Кај жените Халеп беше елиминирана од Анисимова, а Барти со 2:0 (6:3, 7:5) беше подобра во пресметката со Кијз. За финале ќе се борат и Британката Конта против чешката претставничка Вондрушова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот