Ѓоковиќ: Јас и Федерер не сме пријатели

фото: АТП

На само еден ден пред стартот на УС Опен, повторно почнаа расправиите околу најдобрите тенисери во историјата. Нормално, во трката се три имиња кои важат за фаворити за триумф на УС Опен, Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Свој коментар на оваа тема даде бранителот на трофејот Новак Ѓоковиќ кој истакна дека не е добар пријател со Федерер.

– Имаме добар однос, но не сме пријатели и не вечераме заедно. Но, ние сме колеги се почитуваме. Не е лесно да се биде пријател со некој кој ти е голем ривал на терените – вели Ѓоковиќ, кој објасни зашто не е можно да се избере најдобриот тенисер во историјата:

– Не можете да го споредувате тенисот пред 50 години и сега. Род Лејвер, Џон Мекинро, Џими Конорс, Иван Лендл сите тие играле со дрвени рекети и тогаш се играше сосема поинаков тенис. Кој знае колку би биле добри во сегашниот тенис?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот