Ѓоковиќ ја прифати поканата, доаѓа во Македонија

Новак Ѓоковиќ најави дека ќе ја посети Македонија, пренесува „Макфакс“. Ѓоковиќ по победата во второто коло на Вимблдон, се дружеше со своите фанови на социјалните мрежи и тогаш како специјален поздрав за неговите навивачи од Македонија ја отпеа „Македонско девојче“ што беше еуфорично прифатено. Тогаш премиерот Зоран Заев јавно го покани Ѓоковиќ да дојде во нашата држава.

„Ја видов поканата и го прифаќам повикот, но не знам кога тоа ќе се случи, но сигурно ќе дојдам во Македонија бидејќи Охрид морам да го видам – беше одговорот на Ѓоковиќ на прашањето на новинарот на Макфакс, дали ќе ја прифати поканата да дојде во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот