Ѓоковиќ ја покажа класата, Надал: Големо благодарам до Ноле! (ФОТО)

twitter.com/TennisWorlden

Шпанските спортисти Надал и Гасол ја започнаа акцијата „наша најдобра победа“ која има за цел да собира донации во борбата против коронавирусот.

Шпанските спортисти, односно тенисерот Рафаел Надал и кошаркарот Пау Гасол ја започнаа акцијата во собирање помош во борбата против коронавирусот.

Надал во петокот му се заблагодари и на моментно најдобриот тенисер на светот, Србинот Новак Ѓоковиќ кој донираше пари за неговата акција.

Надал заедно со Гасол ја започнаа акцијата „наша најдобра победа“ која има за цел да собира донации во борбата против коронавирусот, а Шпанија е една од најпогодените земји од Ковид-19.

Бројни шпански спортисти станаа дел од акцијата, а Надал посебно му се заблагодари на Ѓоковиќ кој го поддржа својот колега за да им помогне на своите сонародници.

– Големо благодарам до Ѓоковиќ за придонесот во нашата акција и помошта за оние која им е потребна во борбата против коронавирусот. Секоја чест. Благодарам Ноле – напиша Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот