Ѓоковиќ ја откри главната цел до крајот на кариерата!

фото: инстаграм

Новак Ѓоковиќ ја започна 286 недела на самиот врв на АТП ранг листата и така го престигна легендарниот Американец и негов идол, Пит Сампрас.

Пред српскиот ас е само Швајцарецот Рожер Федерер со 310 недели на првото место, но најдобриот светски тенисер има повеќе цели.

– Мојата најголема цел останува да освојам најмногу грен слем турнири. Да го надминам рекордот на Федерер – рече Ѓоковиќ во Рим, каде ќе учествува на Мастерсот.

Надал проговори за дисквалификацијата на Ѓоковиќ: Жал ми е за Новак

Моментно Ѓоковиќ има 17 трофеи на најзначајните турнири, односно два помалку од Рафаел Надал (Шпанија) и три од Федерер.

После дисквалификацијата на „УС Опен“, каде беше главен фаворит и сите го гледаа на тронот, шанса за поправен ќе има на „Ролан Гарос“ кој ќе стартува во следната недела.

– Рафа е фаворит. Веднаш зад него е вториот, Доминик Тим – додаде Ноле.

Пред патувањето за Париз, Србинот ќе се обиде да се загрее шампионски во Рим, а на стартот во второто коло ќе игра со подобриот од мечот Тенис Сандгрен (САД)-Салваторе Карузо (Италија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот