Ѓоковиќ ја напаѓа деветтата круна на „Австралија опен“!
В недела од 09.30 часот по македонско време за титулата на грен слем турнирот „Австралија опен 2021“ ќе играат Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев.
Пред големото финале, се поставува прашањето дали на крајот само ќе биде деветта реприза во режија на првиот светски рекет Ѓоковиќ, или еден од предводниците на новата генерација ќе го потврди квалитетот и успее да ја освои првата грен слем титула, во овој случај Русинот Медведев.
– Медведев одлично сервира и за тенисер со таква висина одлично и се движи на теренот. Имаше една изјава на Џим Куријер (поранешен американски тенисер, двократен шампион во Мелбурн) во која го наредкува Данил „шахист“ поради своите тактички способности и мислам дека е во право – вели Ѓоковиќ.
Победите и освојувањето на титулите на Ѓоковиќ во финалните мечеви –
Новак Ѓоковиќ – Жо Вилфред Цонга
4:6, 6:4, 6:3, 7:6 (2008 година)
Новак Ѓоковиќ – Енди Мареј
6:4, 6:2, 6:3 (2011 година)
Новак Ѓоковиќ – Рафаел Надал
5:7, 6:4, 6:2, 6:7, 7:5 (2012 година)
Новак Ѓоковиќ – Енди Мареј
6:7, 7:6, 6:3, 6:2 (2013 година)
Новак Ѓоковиќ – Енди Мареј
7:6, 6:7, 6:3, 6:0 (2015 година)
Новак Ѓоковиќ – Енди Мареј
6:1, 7:5, 6:3 (2016 година)
Новак Ѓоковиќ – Рафаел Надал
6:3, 6:2, 6:3 (2019 година)
Новак Ѓоковиќ – Доминик Тим
6:4, 4:6, 2:6, 6:3, 6:4 (2020 година)
ВИДЕО: Осака со трофејот во Мелбурн, Јапонката како Моника Селеш!