Ѓоковиќ ја дозна најдобрата можна вест пред „Ролан Гарос“

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кристиан Гарин денеска го елиминираше Русинот Данил Медведев на Мастерс турнирот во Мадрид со победа од 2:1 (6:4, 6:7, 6:1).

После овој триумф на Чилеанецот стана јасно дека Новак Ѓоковиќ ќе остане и натаму на врвот на АТП листата до грен слем турнирот „Ролан Гарос“ (30 мај – 13 јуни 2021 год.)

На почетокот од денешниот дуел, Медведев имаше проблем со крварење од носот, во тој дел од мечот му дозволи „брејк“ на противникот, што значеше освоен сет за водство на Гарин.

Во вториот сет Медведев успеа да израмни преку тај-брејкот, а во последниот решавачки добрата игра на Русинот не не траеше долго. Двапати загуби на свој сервис и не можеше потоа да се врати.

Гарин во четвртфиналето ќе игра со подобриот од пресметката Беретини – Делбонис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот