Ѓоковиќ избран за тенисер на деценијата

EPA-EFE/KIKO HUESCA

Новак Ѓоковиќ доби признание за неверојатните сезони во кои доминираше во изминатите години. Тој од почетокот на деценијата беше доминантен на тениските терени, во 2011 година за прв пат стана прв тенисер на АТП ранг листата и истата година успеа да освои три грен слем титули.

Од 16 грен слем трофеи кои ги има во своите витрини, дури 15 ги освои оваа деценија и е далеку пред најголемите конкуренти Роже Федерер и Рафаел Надал, од кои и повеќе време помина на првото место на АТП листата.

Освен во 2011 година, Ѓоковиќ беше доминантен и во 2015 и првата половина од 2016 година кога успеа ги „врзе“ титулите на сите четири грен слем турнири со што стана првиот тенисер по Род Лејвер со вакво постигнување.

Дури ни кризата која започна по триумфот на Ролан Гарос 2016 и траеше се до минатата година не го засени впечатокот дека Ѓоковиќ беше најдобар тенисер во последните 10 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот