Ѓоковиќ интервенирал кај гувернерот на Њујорк за да не биде исфлен француски тенисер

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ откри дека се обидел телефонски да го добие гувернерот на сојузната држава Њујорк за да интервенира Адријан Манарино да не биде исфрлен од УС Опен и да го одигра мечот од третото коло.

Адријан Манарино/EPA-EFE/JASON SZENES

На францускиот тенисер пред почетокот на дуелот со Александер Зверев од третото коло на УС Опен му беше соопштено дека нема да смее да излезе на теренот и дека мора наредниот период да го помине во карантин во хотелската соба.
Манарино пред неколку дена имаше контакт со заразениот Беноа Пер поради што неколку пати оттогаш беше тестиран на коронавирус и сите резултати беа негативни.

Одделот за здравство на градот Њујорк му дозволи на Манарино да настапи на УС Опен и Французинот оствари две победи во првите две кола. Меѓутоа проблемот настана кога надлежноста на УС Опен ја презеде сојузната држава Њујорк по што му наредија на Манарино да замине во карантин и дека не смее да игра против Зверев.

Прочитајте и...  Ливерпул во судиското продолжение остана без победата

Тогаш во случајот се вклучија и тенисерите, пред се Новак Ѓоковиќ кој дури интервенирал и се обидел телефонски да се слушне со гувернерот на Њујорк, по што одлуката била променета и Французинот го одигра својот меч од третото коло.

– Не сум задоволен како се однесуваат со француските тенисери. Бев свесен за тоа што се случува со Манарино, ме контактираше неговиот тренер и се обидов да му помогнам. Разговарам со АТП, се обидов да добијам повеќе информации од организаторот на патувањето, а исто исто така се обидов да дојдам и до луѓето кои се на највисоките позиции во државата Њујорк, до гувернерот. Сфатив дека тој е единствениот кој може да ја поништи одлуата Манарино да се исфрли од турнирот. Само ми рекоа дека на Адријан му е дозволено да игра и бев задоволен од таа одлука – изјави Ѓоковиќ.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Жестока тепачка меѓу Фалангата и Лозарите  во Штип

 

Поврзани вести

ВИДЕО: Реал продолжува да подарува бодови, овој пат Алавес ги однесе трите бода

Слободен печат

Познати платите на возачите во Ф1, Хамилтон заработил колку и 14 возачи заедно

Слободен печат

Изненадување: Србија поразена од репрезентација која 65 години не играла на Евробаскет, Русија ја прегази Естонија

Слободен печат

Брегалница: Насилството да се исфрли од фудбалот 

Слободен печат

ВИДЕО: Лидс и Алиоски го зедоа скалпот на Евертон

Слободен печат

ВИДЕО: Јувентус не може да победи без Роналдо, Интер убедлив против Сасуоло

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian