Ѓоковиќ им одговори на критичарите: Јас сум бил себичен? Тоа е далеку од вистината

Фото: twitter.com/DjokerNole

Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со писмо и се побрати на јавноста по жестоките реакции кои дојдоа на негова сметка поради тоа што имаше неколку предлози како да им се помогне на тенисерите кои се во карантин пред Австралија Опен.

Ѓоковиќ сакаше да им даде поддршка на 72. тенисери и тенисерки кои се наоѓаат во изолација во хотелските соби бо Мелбурн бидејќи на нивните летови имало заразени од коронавирус.

Според одлуката на австралиските власти, ниту еден тенисер кои бил во авионите, нема да смее да ги користи петте часа дневно за тренинзи, туку мора 14. дена да останат во своите соби. Поради тоа, Ѓоковиќ до австралиските власти достави предлози како да им се помогне на тенисерите и тенисерките, но сето тоа беше одбиено, а потегот на Ѓоковиќ наиде на осуда во јавноста.

Поради тоа Ѓоковиќ и се обрати на јавноста преку писмо.

Во врска со написите во медиумите и на социјалните мрежи поради моето писмо до Крег Тили би сакал да објаснам неколку работи. Моите добри намери за колегите во Мелбурн беа погрешно претставени како себични, тешки и неблагодарни. Тоа не може да биде подалеку од вистината. Кога гледате како се одвиваат некои работи, се прашувате, дали да останете на страна и да уживате во она што имате, или ќе обрнете внимание на проблемите со кои се соочуваат другите луѓе.

Јас секогаш го бирам ова второто и се решавам да побарам начин да им помогнам, да бидам од корист во таа борба, без оглед на последиците кои би следеле. Јас по потешкиот пат стигнав таму каде што сум сега, да можам да имам одредени привилегии, затоа и сега сакам да им помогнам на сите оние на кои помош им е потребна.

Знам колку е тешко, бидејќи се сеќавам колку мене ми значеше секоја помош, секој гест и убав збор кажан додека бев мал и неважен во светот. Затоа ја користам својата привилегирана позиција за можам да бидам од корист.
Отсекогаш сум имал добар однос со Крег, го почитувам целиот негов напор и труд кој го вложи за Австралија Опен да биде место на кое се радувам секоја година. Во нашата преписка преку мејл ја искористив можноста да разговараме за потенцијалното подобрување на условите за играчите кои се во целосен карантин.
Таму имаше неколку идеи и предлози на другите играчи од нашата група на социјалните мрежи, целта не беше да се наштети на негого туку само да помогнеме. Бев свесен дека шансите да биде прифатен некој предлог се мали, како што и беше одбиен предлогот да бидам во карантин во Мелбурн наместо во Аделаида поради стрикните прописи на Владата. Бидејќи не можев да бидам со останатите во Мелбурн, се ставив на располагање да помогнам доколку е потребно. Разбирам дека организирањето на меѓународни спортски натпреварувања за време на пандемијата претставува ризик за локалното население и за самите играчи. Поради тоа благодарен сум им на Тениската федерација на Австралија, австралиската влада и сите жители кои го прифатија ризикот во име на љубовта кон играта и повеќекратната економска корист за државата. Почесетени сме и ќе дадеме се од себе да ги почитуваме протоколите. Работите во медиуми ескалираа и постоеше впечаток дека играчите, вклучувајќи ме и мене сме неблагодарни, слаби и себични. Сите дојдовме во Австралија за да се натпреваруваме, никој од нас не го доведуваше во прашање карантинот од 14 дена иако одредени медиуми токму тоа го пишуваат. Го чекам моментот да играм пред публика и да се приклучам на тениското лудило и енергија на градот кои ме водеа во многу победи. Се радувам што во Мелбурн ќе ги видам колегите. Ме трогнаа бројните поради на благодарност и љубов кои ги добив во последните неколку дена“, напиша Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот