Ѓоковиќ или Надал, кој има поголеми шанси да го освои „Ролан Гарос“?

EPA-EFE

Поранешниот светски број еден во дубл, Даниел Нестор смета дека првиот светски рекет има за нијанса поголеми шанси да го освои грен слем турнирот во Париз.

Според Нестор Новак Ѓоковиќ е во нешто подобра позиција да биде најдобар годинава на „Ролан Гарос,“ но не така далеку е неговиот најголем ривал, Рафаел Надал.

– Поради она што се случи на „УС Опен“, мислам дека Ѓоковиќ ќе биде помотивиран од кога било. Рафа е „крал на земјата“, но според мене Ѓоковиќ има 51%, а Надал 49%. Би бил изненаден доколку тие не стигнат до финалето – вели Нестор.

Канаѓанецот воедно додаде дека двајцата се најдобри „дефанзивци“, на терените бавни и тешки, и така уште потешко можете да ги победите.

Ролан Гарос: Ѓоковиќ експресно во второто коло

На стартот од Отвореното првенство во Франција Ноле беше подобар од Швеѓанецот Имер, а Рафа од Герасимов.

Според најавите, денеска од 14.05 часот српскиот ас ќе ги одмери силите против Беранкис, а Надал в петок од 11.00 часот за противник го има Италијанецот Траваглиа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот