Ѓоковиќ и Тим се главни фаворити на УС Опен

Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим на Адриа Тур/EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Поранешниот тенисер, а сега ТВ аналитичар, Матс Виландер, прогнозира кои се фаворитите на претстојниот грен слем турнир.

За освојувачот на осум грен слем титули, двајца тенисери се главни фаворити за титулата на УС Опен, Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим.

– Новак и Доминик се двајцата големи фаворити на УС Опен и затоа ги следам нивните настапи на Мастерс Синсинати. Исто така ги гледам и двајцата Канаѓани, Шаповалов и Оже-Алиасим како и Стефанос Циципас иако речиси сите испаднаа на турнирот освен Новак. На УС Опен ќе се игра во три добиени сета каде најдобрите играчи ќе имаат можност да се извадат доколку западнат во проблеми. Мислам дека Ѓоковиќ и Тим се големи фаворити бидејќи се игра до пет сета – потенцира Виландер.

Според Виландер, единствена мана на Новак Ѓоковиќ може да бидат празните трибини. Во последните неколку години, фановите со навивањето против него дополнително го мотивираа и му даваа ветер во грб.

– Не сум сигурен како празните трибини ќе влијаат додека не ги видиме играчите во таква ситуацијуа. За Новак знаеме дека публиката не прави разлика на почетокот од мечевите, ниту на крајот. Тој мисли само на победата, но дали ќе му прават разлика кога има брејк или сет предност и му треба таа енергија од трибините за да ја заврши работата во три сета – смета Виландер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот