Ѓоковиќ и Надал во заедничка мисија: Реформите се неопходни

twitter.com/theusapost21

Српскиот тенисер има поинаков предлог до челниците на АТП, да се вратат квалификациите каде репрезентациите би имале можност да ја почувствуваат домашната атмосфера која ја имаше во Дејвис Купот.

Потоа во септември секоја година, веднаш по завршувањето на УС Опен да се организира турнир со најдобрите осум репрезентации.

Слично размислување има и првиот тенисер на АТП ранг листата, Рафаел Надал.

– Искрено не гледам друго решение освен спојување на овие натпреварувања. Не можам да замислам да имаме две Дејвис куп натпреварувања во еден месец. Не гледам како е возможно. Нормално , не можам да зборувам во името на АТП и на останатите тенисери, но мислам дека конечно добивме можност да имаме едно одлично натпреварување – вели Надал.

АТП и ИТФ во текот на годинава имаа неколку состаноци на кои бараа начин да ги организираат своите натпреварувања, но не успеаја да најдат заеднички јазик.

Форматот на натпреварување на Дејвис Купот од оваа година е променет, за прв пат по повеќе од 100 години и тоа поради компанијата „Космос“ која ги доби правата за организација во следните 25 години, за што ќе вложи дури три милијарди долари. Од друга страна, АТП во јануари ќе започне со организација на АТП Купот.

– Многу е важно АТП и ИТФ да вложат напор и да дојдат до договор. Во исто време и важно да постои сериозна компанија која е подготвена со напорна работа и вложувања да го подигне ова натпреварување на едно повисоко ниво, а Космос тоа го сака и го прави. Лично мислам дека нема друг начин освен да имаме едно големо натпреварување и Дејвис Купот е идеално име за тоа бидејќи е дел од историјата на тенисот – размислува Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот