Ѓоковиќ и Надал во мртва трка за првото место на АТП ранг листата

twitter.com/TennisWorlden

Надал за пласманот во полуфиналето ќе добие 360 бодови и од понеделник ќе биде тениски светски тениски рекет број 1 со вкупноп 9.585 бодови.

Ѓоковиќ кој утре со Шаповалов ќе игра во финалето на Мастерсот во Париз, доколку триумфира ќе освои 10000 бодови и ќе има само 640 бодови помалку од Надал на понеделничката ранг листа. Во случај да го загуби утрешниот дуел, тогаш Ѓоковиќ ќе доцни зад Шпанецот за 1040 бодови.

Сепак, без разлика на исходот од утрешниот финален дуел, за првото место на АТП листата на крајот од годината ќе се одлучува на завршниот Мастерс во Лондон кој стартува идниот викенд.

На последниот турнир во годината учествуваат осумте тенисери кои имаат најдобри резултати во тековната година. На Мастерсот во Лондон, победа во групната фаза носи по 200 бодови, триумф во полуфиналето носи дополнителни 400 бодови, а победа во финалето уште 500 бодови. Победникот во Лондон може да освои максимално 1500 бодови.

Во случај Рафаел Надал да не се опорави од повредата на стомачните мускули, тогаш шансите за Ѓоковиќ да се врати на првото место на ранг листата и како најдобар да ја заврши годината, се зголемуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот