Ѓоковиќ и Надал секој поен го играат како да им е меч топка

Рафаел Надал ја почитува одлуката на Федералниот суд во случајот со Новак Ѓоковиќ/Фото: EPA-EFE/RITCHIE TONGO

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ, објаснува зошто Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се разликуваат од останатите тенисери.

Чилиќ не успеа да обезбеди пласман во финалето на турнирот во Сингапур, тој загуби од Алексеј Попирин со 7:6,7:6 и за азиските медиуми зборуваше за најдобрите тенисери на денешницата.
Хрватот е воодушевен од играта на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
– Би рекол дека Рафа и Новак се доста слични по интензитетот на играта. Тие секој поен го играат како да им е меч топка – вели Чилиќ кој открива дека тие се разликуваат од останатите и по уште една работа.

Новак и Рафа се најдобри и во создавањето притисок. Доколку го следевте финалето на Австралија Опен со Данил Медведев, видеовте дека Новак го стави својот противник под притисок уште од првиот поен. Секогаш чѕвствувате како врши притисок врз вас. Кога играте на грен слем турнир против нив двајца, морате да играте во таков ритам четири, пет часа, тие го можат тоа, но дали вие сте способни за такво нешто. Покрај нивните способности, притисокот кој со создаваат врз противниците е клучен елемент и затоа се толку успешни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот