Ѓоковиќ и Надал ја отвораат новата сезона пред АТП купот

Фото: твитер

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, официјално треба да ја отвори новата сезона на 29 јануари, кога е закажан еднодневен турнир во Аделаида – град во кој сите тенисери ќе бидат во карантин пред да се натпреваруваат на АТП купот и „Австралија опен“!

Од 14 јануари Аделаиде ќе биде „домаќин“ на двонеделен карантин во кој ќе бидат Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Доминик Тим и др., а сите ќе играат на споменатиот турнир кој ќе се одржи во две сесии.

Поточно од тенисерите се очекува да настапат Ѓоковиќ, Надал и Тим, а од тенисерките Симона Халеп, Ешли Барти и Наоми Осака. Според информациите на оваа листа учесници можно е да бидат додадени уште Серена Вилијамс и Ник Кирјос.

Тенисерите и тенисерките инаку ќе бидат сместени помеѓу хотелот и теренот каде што ќе можат да се подготвуваат пет часа дневно, а по истекот на карантинот, тие ќе можат слободно да се движат.

Првиот натпреварувачки турнир ќе биде АТП Купот, кој е на програмата од 1 до 5 февруари, по што следува грен слем „Австралија опен“ кој ќе трае од 8 до 21 февруари 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот