Ѓоковиќ и Надал имаат прогноза за враќање на терените

twitter.com/theusapost21

Моментно двете најдобри тениски имиња во машка конкуренција сметаат дека нема наскоро да се враќаат на терените.

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал велат дека очекуваат подолга пауза во натпреварувањата поради пандемијата на коронавирусот.

Моментно двете најдобри тениски имиња во машка конкуренција сметаат дека нема наскоро да се враќаат на терените.

Првиот светски рекет очекува подолга пауза пред да може да се игра тенисот без гледачи. Србинот смета дека играчите ќе треба да почекаат „неколку месеци“ пред да продолжат со турнирите.

Тоа не е лесна одлука. Јас сум подготвен, но мислам дека ќе треба да почекаме неколку месеци – се зборовите на Ѓоковиќ за шпанското радио „Онда Церо“.

Поради пандемијата, „Ролан Гарос“ беше преместен за септември, започнувајќи веднаш по завршувањето на „УС Опен, а „Вимблдон“ е откажан, за прв пат по Втората светска војна.

Доколку можеме да играме без публика, би било добро, но мислам дека ќе биде тешко – рече Надал во истата емисија.

Тенисот е глобален спорт. Патуваме од држава во држава. Многу луѓе мора да бидат постојано во движење. Малку е веројатно дека некој голем турнир ќе се игра во краток или среден рок – додаде Шпанецот.

Фудбалските лиги се подготвуваат да продолжат без публика за да избегнат загуба на големи пари од телевизиските права.

Тениските турнири се потпираат повеќе на продажба на билети, што ја комплицира можноста натпреварите да се играат без публика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот