Ѓоковиќ и Надал експресно до четвртфиналето во Рим – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Ѓоковиќ и Надал експресно до четвртфиналето во Рим

Ѓоковиќ со 6-3 и 6-0 го надигра германскиот тенисер и во следната рунда ќе се сретне со Хуан Мартин Дел Потро.

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ лесно излезе на крај со Филип Колшрајбер и се пласираше во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Рим.

Ѓоковиќ со 6-3 и 6-0 го надигра германскиот тенисер и во следната рунда ќе се сретне со Хуан Мартин Дел Потро.

Швајцарскиот ас Роџер Федерер се пласира во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Рим, елиминирајќи го хрватскиот тенисер Борна Чориќ со 2-1 во сетови. Во драматичен меч, Федерер спаси две меч-топки во тај-брејкот во третиот сет, и на крајот поразот го претвори во триумф (2-6,6-4, 7-6).

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема проблем ниту кога игра два меча во еден ден. Им отстапува само по еден гем на ривалите. По дуелот со Шарди, Надал повторно излезе на теренот во Рим и го совлада Николос Башилашвили со 6-1 и 6-0.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close