Ѓоковиќ и Федерер не се во толку добри односи

Роже Федерер на завршниот Мастерс турнир во Лондон успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во последното коло од групната фаза и го елиминира српскиот тенисер од турнирот. Воедно, поразот од Федерер значеше дека Ѓоковиќ ги загуби шансите да ја заврши годината на првото место на АТП ранг листата, кое му припадна на Рафаел Надал.

– Тие двајца не се сложуваат толку добро и на Федерер му беше мило што ја запре потерата на Ѓоковиќ за првото место. Сите пред нивниот дуел велеа дека Новак ќе победи. Но, Роже покажа зашто е голем шампион и таквите тенисери никогаш не треба да се потценуваат – изјави поранешниот британски тенисер, Грег Руседски.

Пресметката во Лондон беше 49. помеѓу Федерер и Ѓоковиќ, а подобар е српскиот тенисер кој води со 26:23 во меѓусебните дуели.

Малку добри вести во таборот Ѓоковиќ донесе Горан Иванишевиќ кој се надева дека ќе остане во стручниот штаб на Србинот.

Фото: EPA/PETER KLAUNZER

– Новак ги стартува подготовките на 9 декември во Монте Карло. Потоа заедно одиме во Абу Даби каде од 16 декември ќе игра на егзибициски турнир и ќе бидеме заедно до Божиќ. Потоа презема Маријан Вајда кој со Новак ќе оди во Австралија на АТП Купот и Австралија Опен. Планот е јас да бидам со него на Вимблдон и на УС Опен. Новак изрази желба на грен слем турнирите да биде со еден тренер и тоа е добра одлука – изјави Иванишевиќ.

Хрватот кој минатата година пред Вимблдон се приклучи на стручниот штаб на Ѓоковиќ, смета дека во новата сезова очекувањата се големи.

– Очекувањата се големи, посебно кога работите со тенисер како што е Новак кога поразот во финалето е еден вид на неуспех. Тој уште повеќе ќе се бори идната година бидејќи оваа сезона заврши на второто место – вели Иванишевиќ.

Тој исто така откри како изгледаат подготовките на Ѓоковиќ пред секој дуел.

– Се зависи од неговото расположение. Понекогаш заедно гледаме смешни видео клипчиња и се смееме пет минути пред мечот. Единствено правило е да нема правила. Но, кога ќе излезе на теренот тоа е посебна приказна. Никогаш не сум видел таква концентрација. Имам фантастичен однос со Новак, исто така и со Вајда – открива Хрватот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот