Ѓоковиќ го сруши интернетот, постави предизвик, а наградата е дружење со него во Њујорк

твитер

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ, одлучи уште еднаш да ја покаже својата хуманост, а овој пат предизвика делириум помеѓу милиони фанови ширум светот.

Тој ги повика фановите да му се приклучат во предизвикот и на тој начин можат да освојат вистинска премија, три дена ќе се дружат со најдобриот тенисер во Њујорк и тоа се на негов трошок.

Имено, секој што ќе донира десет долари или повеќе на сајтот „All in one challenge“ влегува во конкуренција да има незаборавен ВИП третман со Новак Ѓоковиќ во Њујорк.

Среќниот добитник ќе може со себе да понесе уште една личност и заедно со Ѓоковиќ ќе летаат за Њујорк на УС ОПен. Освен тоа, среќниот добитник ќе има можност да седи во ложата на српскиот тенисер, да размени неколку удари со него на тренинзите и да вечераат заедно.

Сево ова ќе биде на сметка на Ѓоковиќ, што предизвика хистерија кај неговите фанови ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот