Ѓоковиќ го среди Тим за финале во Мадрид

EPA-EFE/CHEMA MOYA

Новаќ Ѓоковиќ е првиот финалист на турнирот од Мастерс серијата во Мадрид откако во полуфиналето во два сета го совлада Доминик Тим.

Ова ќе биде прво финале на најдобриот светски тенисер, по триумфот на Гран слем турнирот Австралија Опен, кој се играше во јануари годинава.

Ѓоковиќ на два пати во тај брејк го совлада Тим кој имаше свои шанси во дуелот со светскиот рекет број 1. Тим во двата сета, прв правеше брејк но не успеваше да ја задржи предноста. Ѓоковиќ првиот тај брејк го реши во своја корист со 7:2 додека во вториот имаше поголема неизвесност но и тој на крајот му припадна на српскиот тенисер со 7:4.

Противник на Ѓоковиќ во финалето на турнирот во Мадрид ќе му подобриот од второто полуфинале кое се игра вечерва помеѓу Рафаел Надал и Стефанос Циципас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот