Ѓоковиќ го пронајде наследникот, убеден е дека токму тој ќе биде идниот владетел во тенисот

tviter

Најдобриот тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ, воопшто нема дилеми кој ќе биде новиот владетел во тенисот кога ќе се повлече големата тројка.

За Новак Ѓоковиќ иднината на тенисот е сигурна бидејќи по заминувањето на големата тројка (Ѓоковиќ, Надал, Федерер) во пензија, нов лидер и предводник ќе биде Стефанос Циципас кого го совлада во финалето на турнирот во Дубаи.

twitter/ATP tour

– Потполно го разбирам процесот низ кој Циципас поминува во моментов, тој се запознава со себе си, учи, созрева и потоа почнува да разбира што е добро за животот и кариерата. Иако е многу млад, сепак е доволно возрасен и мудар како човек. Кога велам дека е млад, мислам на професионалниот спорт, но тој веќе е дел од нас одреден период – зборува Ѓоковиќ за својот наследник.

Србинот исто така открива што му кажа на Циципас откако го победи во финалето.
– Тој е многу паметно, мудро момче. По нашиот дуел му реков дека токму тоа највеќе го сакам кај него. Го сакам податокот дека тој е повеќе од професионален тенисер, бидејќи секогаш се обидува на научи од секоја ситуација и постојано сака да научи нешто ново за да може да напредува, да биде уште подобар – вели Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ кој во неделата го освои 79. шампионски пехар во кариерата е импресиониран од младиот грчки тенисер и не престанува со пофалбите.

– За мене токму тие одлики, постојано да учи од секоја ситуација – се одлики на шампионите. Стефанос има потенцијал да биде светски тениски рекет број 1, да го освојува најголемите турнирии и да биде амбасадор на нашиот спорт. Тој уште сега е вистински амбасадор на тенисот, но исто така има и фантастична иднина пред себе – потенцира Новак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот