Ѓоковиќ го пронајде наследникот на големата тројка

Најдобриот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ по пауза од еден месец се враќа на тениските терени и ќе биде дел од Мастерс турнирот во Синсинати каде е бранител на трофејот.

Тој на инсистирање на новинарите откри кој тенисер од младата генерација го гледа како наследник на големата тениска тројка во која се тој, Рожер Федерер и Рафаел Надал. Нивната доминација трае повеќе од 15 години и веќе имаат освоено дури 54 грен слем титули.

– Доминик Тим е главен кандидат за иден тениски број еден на АТП ранг листата. Некако ми делува дека е најподготвен од сите млади тенисери. Исто така има искуство на грен слем турнирите и настапите во финалињата. Дефинитивно го гледам Тим како иден лидер на тенисот – вели Ѓоковиќ кој издвои уште еден тенисер кој ги има сите предуслови да продолжи по нивниот пат.

– Данил Медведев исто така е иден голем шампион. Неговиот сервис и бекенд се неверојатни. Исто така го подобри и движењето, а ментално е доста силен и може да го издржи притисокот во најважните моменти. Со сите тешки дуели тој ќе станува се подобар – додава Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот