Ѓоковиќ го освои најдолгиот поен на „Вимблдон“ (ВИДЕО)

При резултат 1:1 во сетови и 4:2 во текот на третиот сет следуваше долга размена на удари меѓу двајцата играчи.

На крајот после вкупно 45 удари подобар беше Србинот, што од 2005 година кога започна да се прати траењето на поените, е најдолг поен во историјата на ова натпреварување.

Претходниот рекорд, од 42 удари, датира уште од 2006 година кога играа Јарко Ниеминен и Димитри Турсунов. Во женска конкуренција 39 удари во 2007 година разменија Натали Деши и Елена Дементиева.

Денеска на „Вимблдон“ е женското финале од 15.00 часот меѓу седмата носителка Симона Халеп (Романија) и Американката Серена Вилијамс (10.)

Во истиот термин в недела (14 јули) е и финалната битка меѓу Ѓоковиќ и швајцарскиот тенисер Федерер кој беше подобар во „класиката“ од Рафаел Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот