Ѓоковиќ го објави најубавиот момент од Мелбурн! (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер имаше голема поддршка на патот кон освојување на осмата титула на грен слем турнирот „Австралија опен“.

Откако ја освои и осмата титула на грен слем турнирот „Австралија опен“, навивачите на Новак Ѓоковиќ славеа во свој стил.

После триумфот во големото финале во Мелбурн, српскиот тенисер имаше неколку интервјуа, а неговите фанови го прекинаа него и Матс Виландер со песна, скандирање.

Една недела подоцна кога страстите се смирија, Ноле објави и снимка од ложата, од каде се гледаат навивачите како се фатија на оро, односно традиционалното српско „Коло“.

Го оставија Новак без зборови, затоа дури и сега го објави ова видео кое најдобро сведочи за тоа каква поддршка имаше во Мелбурн.

Само еден тенисер успеал да ги победи Новак, Рафа и Федерер на еден турнир

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот