Ѓоковиќ го изнесе ставот на тенисерите: Да нема карантин или нема да играат на УС Опен

epa08483083 Novak Djokovic of Serbia in action against Viktor Troicki of Serbia during their match for the Adria Tour tennis tournament in Belgrade, Serbia, 13 June 2020. The Adria Tour will be held until 05 July in Serbia, Croatia, Montenegro and Bosnia. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

„Марка“ пишува дека изминатите денови се одржал „непријатен“ состанок помеѓу Тениската федерација на САД, АТП и најдобрите тенисери на светот.

Тема на разговорот била судбината на двете големи натпреварувања на територија на САД, Мастерсот Синсинати и УС Опен.
Мастерсот од Синсинати е префрлен во Њујорк и неговиот почеток е закажан за 22. август, а веднаш по неговото завршување треба да започне и УС Опен.

Според шпанскиот весник „Марка“, Новак Ѓоковиќ на состанокот ги претставувал најдобрите 20 тенисери на светот и притоа изнел јасен и недвосмислен став.

Тенисерите бараат Тениската федерација на САД (УСТА) да им обезбеди по враќањето во Европа да не бидат обврзани да одат во карантин, и доколку таа мерка остане на сила, „Марка“ тврди дека Ѓоковиќ им пренел на УСТА и АТП дека никој од најдобрите тенисери нема да игра на УС Опен.
Исто така се разговарало и за одлуката на УСТА со која тенисерот или тенисерката би биле елиминирани од грен слем турнирот доколку некој од нивните тимови биде позитивен на коронавирусот.

Организаторот на УС Опен се наоѓа под голем притисок да донесе звучни имиња бидјеќи досега учеството го откажаа Рожер Федерер и Рафаел Надал и се надеваат дека Ѓоковиќ ќе игра, па поради тоа „Марка“ најавува дека УСТА се обидува да ги обезбеди гаранциите кои ги бараат тенисерите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот