Ѓоковиќ го елиминираше и Колшрајбер во Дубаи (ВИДЕО)

фото: твитер

Најдобриот светски тенисер реди продолжува да доминира на терените, нареден ривал на Србинот ќе биде Карен Хачанов од Русија.

Најдобриот светски тенисер продолжува да реди победи оваа сезона во сингл конкуренцијата, откако во второто коло на турнирот во Дубаи го совлада Филип Колшрајбер со 6:3 и 6:1 и се пласираше во четвртфиналето.

Новак Ѓоковиќ за пласман во полуфиналето ќе игра против Карен Хачанов, а мечот ќе се игра в четврток, а познати се и останатите три четвртфинални двојки, Монфис-Гаске, Рублев-Еванс и Штруф-Циципас.

Ноле во неверојатен ритам игра од почетокот на сезоната, без пораз го заврши АТП купот, како и „Австралија опен“, а серијата победи не ја прекина ниту на првите два дуели во Дубаи.

Во првото коло Србинот го прегази Малек Џазири, а ништо подобро не помина ниту германскиот ветеран Колшрајбер кој освои четири гема против првиот рекет на планетата.

Наредниот ривал на Ѓоковиќ го чека меч со Хачанов кој беше подобар од Австриецот Денис Новак со 6:3 и 6:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот