Ѓоковиќ го дозна првиот ривал, дерби на стартот на „УС Опен“ – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Ѓоковиќ го дозна првиот ривал, дерби на стартот на „УС Опен“

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во првото коло на последниот грен слем турнир ќе игра против Шпанецот Роберто Карбаљес Баена.

Бранителот на титулата на „УС Опен“, во втората рунда ќе игра со подобриот од пресметката Сем Квери – Хуан Игнасио Лондер.

Останатите двајца исто така фаворити за титулата, Роџер Федерер ќе се соочи со квалификант, а Рафаел Надал како прва пречка го има Австралиецот Милман.

Во женска конкуренција имаме дерби на стартот, помладата од сестрите Вилијамс, Серена која шестпати го освојувале турнирот во САД ќе ги одмери силите со Марија Шарапова. Русинката само еднаш успеала во кариерата да се закити со трофејот од Њујорк.

По 22 пат ќе се сретнат двете тенисерки, а убедливо води Американката со 19 победи. Последниот триумф Шарапова го имаше пред 15 години во финалето на „Вимблдон“ со 6:1 и 6:4.

Четвртиот грен слем годинава ќе се одржи од 26 август до 9 септември 2019 год.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close