Ѓоковиќ го достигна рекордот на Надал и го престигна Федерер!

Фото: EPA-EFE/Riccardo Antimiani/POOL

Најдобриот светски тенисер во осминафиналето на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ ќе игра против Русинот Карен Хачанов, а Рафаел Надал ќе ги одмери силите со Себастијан Корда од САД.

Новак Ѓоковиќ остварува нови победи, но и воедно ги руши рекордите во Париз. Со триумфот над Колумбиецот Даниел Галан, 11 година по ред обезбеди пласман во четвртото коло на Отвореното првенство во Франција.

Тоа им успеа само на Надал и Рожер Федерер, со тоа што Швајцарецот оваа година ја прекина низата, бидејќи не учествува.

Исто така српскиот ас го забележа 71 триумф на „Ролан Гарос“ и во овој сегмент го престигна Федерер (70).

Пред Ѓоковиќ е сега само Надал кој има 95 победи кој воедно досега беше 12 пати шампион во Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот