Ѓоковиќ гневен на организаторите на Ролан Гарос: Ова е бизнис, а не спорт – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Ѓоковиќ гневен на организаторите на Ролан Гарос: Ова е бизнис, а не спорт

Српскиот тенисер му честиташе на Доминик Тим за пласманот во  финалето, а потоа со „отровни“ стрели ги нападна организаторите.

Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на Ролан Гарос каде го очекуваше пресметка со Рафаел Надал, подобар од него беше Доминик Тим кој славеше во пет сета (6:2,3:6,6:5,5:7,7:5) во дуелот кој се играше два дена, и три пати беше прекинуван поради лошото време во Париз.

– Честитки за Тим кој успеа да остане психички силен и стабилен. Кога беше потребно тој ја пласираше топката на вистинското место. Бев многу блиску, постојано го бркав водството на Тим, успеав да се вратам и да играме одлучувачки петти сет но за жал направив неколку грешки, а тој мечот го заврши со винер. Секоја чест за Тим – вели Ѓоковиќ.

Најдобриот светски тенисер имаше замерки и за организаторите на Ролан Гарос кои три пати го прекинуваа мечот поради лошите временски услови, поточно силниот ветер. Ѓоковиќ објасни дека нема правило кое на вистински начин ги дефинира проблемите со силниот ветер.

– Не постои такво правило. Доколку станува збор за дожд, наптреварот се прекинува и теренот се покрива за да се одбегнат оштетувањата на теренот. Што се однесува до ветерот, тука нема прецизни правила, вчера супервизорот ми кажа дека доколку некој објект не влета на терен и не стане опасно за гледачите и тенисерите, тогаш се игра. Во првиот гем, ветерот ни донесе чадор кој можеше да повреди гледач на трибините. Тоа се случи на неколку метри од мене. Но, мора да се земе в предвид големината на овој турнир. За организаторите, одложувањето на некој дуел носи големи трошоци. Тука има многу повеќе бизнис отколку спорт, не им е приоритетот само тенисот, туку многу повеќе внимание се посветува на вредноста на билетите околку на тоа како тенисерите се чувствуваат на теренот. Но такви се работите и мора да го прифатиме тоа. Не е ни прв ни последен пат, некој тенисер да биде во ваква ситуација – потенцира Ѓоковиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close