Ѓоковиќ: Федерер му е потребен на тенисот

Српскиот тениски ас повторно го одушеви светот со новиот гест и големата поддршка за својот голем ривал, но и пријател…

Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ ја коментираше повредата на Рожер Федерер, која ќе го оддалечи од терените до сезоната на трева.

Федерер неочекувано беше подложен на операција на десното колено и поради тоа ќе ја пропушти сезоната на земја, а меѓу најважните турнири нема да учествува на „Ролан Гарос“.

Швајцарскиот тенисер нема да игра и во Дубаи, ниту на Мастерсот во Индијан Велс и Мајами.

Федерер ќе испушти голем број на поени што ги брани во овој период, па најверојатно ќе падне на седмото место на АТП ранг листата пред да се врати.

Ѓоковиќ ја коментираше повредата на Федерер и неочекуваната операција.

– Тоа е големо изненадување. Знам дека го мачеше повредата во Австралија, но никој не знаеше колку е сериозна. Жал ми е што Рожер (како и Кевин Андерсон) минуваат низ тоа. Се надевам дека наскоро ќе се врати на терените. Рожер е Рожер. Потребен му е на тенисот – рече српскиот тениски ас.

Прочитајте и...  Откажан Грен слем турнирот „Вимблдон“

Прочитај повеќе

Барселона има план како летово да дојде и до Лаутаро и до Нејмар

Слободен печат

Порака до УЕФА: Полоши сте од Трамп

Слободен печат

Излечени 10 фудбалери на Валенсија од коронавирусот!

Слободен печат

Играчите на Шалке тренираат, социјално дистанцирани! (ВИДЕО)

Слободен печат

Роналдо нов „светец“ или ќе се врати во Манчестер јунајтед!?

Слободен печат

Денот кога Ѓоковиќ ја промени историјата на светскиот тенис! (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

И судиите вежбаат во изолација: Аут, прекршок, офсајд..! (ВИДЕО)

Слободен печат

Откажан Грен слем турнирот „Вимблдон“

Слободен печат

Генијално: Нема Лига на шампиони? Нема проблеми за Боатенг! (ВИДЕО)

Слободен печат

Нејмар го замени ПСЖ со јужнокорејскиот Улсан (ФОТО)

Слободен печат

 Базените затворени, коронавирусот го направи своето, на суво останаа 700-800 пливачи

Благоја Георгиевски

Прекречен муралот посветен на Коби и Џиана, фановите гневни (ФОТО)

Слободен печат