Ѓоковиќ експресно во четвртфиналето, крај за Кори Гоф

твитер

Новак Ѓоковиќ во три сета и без многу мака го совлада Диего Шварцман.

Седумкратниот побеник на Автралија Опен и бранител на трофејот, Новак Ѓоковиќ, се пласира во члетвртфиналето откако со 6:3,6:4,6:4 го совлада Аргентинецот во осминафиналето.

Ова за Ѓоковиќ е 45. пласман во четвртфиналињата на грен слем турнирите или 11. само на Австралија Опен. Негов противник во четвртфиналето ќе биде Канаѓанецот Милош Раонич кој со 6:4,6:3,7:5 го елиминира Марин Чичиќ од Хрватска.

Кај дамите, една од фаворитките за трофејот, Петра Квитова со пресврт ја совлада Марија Сакари од Грција и се најде меѓу осумте најдобри во Мелбурн. Квитова го загуби првиот сет во тај брејкот, но потоа ги доби наредните два со 6:3,6:2 за пласман во наредната рунда.

Тинејџерската сензација Кори Коко Гоф е елиминирана во осминафиналето од нејзината сонародничка, Софија Кенин. Младата Гоф го доби првиот сет со 7:6, но тоа беше се што успеа да направи.

Кенин во вториот сет поведе со 4:1 и рутински гого приведе крајот на сетот (6:3), за во одлучувачкиот трети сет целосно да ја надигра младата Американка. Кенин третиот сет го доби со максимални 6:0. .

Нејзина противничка во полуфиналето ќе биде Онс Жабер од Тунис која со 7:6,6:1 ја совлада Ванг од Кина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот