Ѓоковиќ е вториот тенисер во историјата со 300 недели на првото место на АТП ранг листата

epa08778185 Novak Djokovic of Serbia in action during his first round match against Filip Krajinovic of Serbia at the Erste Bank Open ATP tennis tournament in Vienna, Austria, 27 October 2020. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна својата 300. недела на лидерската позиција на АТП ранг-листата.

Ѓоковиќ е вториот тенисер во историјата со вакво достигнување, пред него ваков подвиг има направено само Рожер Федерер кој титулата најдобар тенисер на светот ја имаше 310 недели.

Ѓоковиќ е на добар пат да го собори рекордот на Федерер и тоа може да се случи на 8 март идната година.

– Тоа е еден од двете најголеми цели. Сакам да го престигнам Рожер по бројот на недели поминати на првото место на АТП ранг листата и сакам да освојам што повеќе грен слем титули. Зборував за ова и во минатото, моментно се наоѓам во добра позиција и се надевам дека ќе останам здрав како и да продолжам со добрите игри – вели Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ исто така по шести пат ќе ја заврши годината на првото место на АТП ранг листата со што се израмни со рекордот на Пит Сампрас кој пак шест години едноподруго беше најдобр тенисер на светот.

Србинот моментно има 2.180 бодови повеќе од Рафаел Надал кој е втор на АТП ранг листата, а новата сезона ќе ја започне со настапите на АТП Купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот