23 C
Скопје

Ѓоковиќ е помлад, но Рафа ќе има најмногу грен слем титули!

Рафаел Надал ќе има повеќе грен слем титули од Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер, барем така размислува младиот руски тенисер Карен Хачанов.

Надал во неделата ја освои 13 титула на „Ролан Гарос“, откако во финалето го совлада Ѓоковиќ со максимален резултат 3:0. Шпанецот стигна до 20 грен слем трофеј и така се изедначи со рекордот на Федерер.

– Рафа ќе има најмногу грен слем титули. Иако многумина се обложуваат на Ѓоковиќ затоа што е помлад, мислам дека Надал ќе биде рекордер – рече Хачанов.

Најтешки порази: Ѓоковиќ и натаму води против Надал во победи!

Русинот воедно проговори за односот што го има со „големата тројка“ која остави голема трага во светскиот тенис.

– Федерер и Надал комуницираат со мене и другите тенисери, но тие никогаш нема да останат долго. Новак е, во таа смисла, поотворен – додаде Хачанов.

Потсетување, во овој момент првиот светски рекет има три грен слем титули помалку од Надал и Федерер.

 

Поврзани вести

Хамилтон на две победи од јубилеј, светскиот шампион ја освои и „Каталуња“

Слободен печат

Ова долго се чекаше, конечно ќе се игра првиот фудбалски меч пред полн стадион

Слободен печат

ВИДЕО: Супер гол на Андонова против Еспањол и го прослави во стилот на Роналдо!

Слободен печат

ВИДЕО: Пандев стартер на „Луиџи Ферарис“, Сасуоло е пред Рома!

Слободен печат

Георгиевски: Одиме во Токио, живеам за олимписки медал!

Слободен печат

РФМ: Начевски за зборовите „ќе те колам“ доби дисциплинска санкција!

Слободен печат

Остави Коментар