Ѓоковиќ е ментално посилен од Надал и Федерер
Австриецот Доминик Тим упати големи комплименти за првиот тенисер на АТП ранг листата.
Третиот тенисер на светот смета дека Новак Ѓоковиќ е ментално најсилниот тенисер во историјата. И двајцата испаднаа во четвртфиналето на турнирот во Виена, но Тим смета дека раната елиминација нема многу да влијае на српскиот тенисер.
„Прв пат играв против Новак во 2014 година. Тој беше на највисоко ниво, неколку дена претходно го уништи Томаш Бердих во финалето на турнирот во Шангај. Јас се надевав да не ме уништи и мене. Веднаш ја приметив неговата аура, феноменална игра, но успеав да пружам силен отпор, добро се држев и на крајот загубив со 6:3,6:4, а тоа е далеку од катастрофа. Во 2018 година, во полуфиналето во Рим загубив со убедливи 6:0,6:1, но три недели подоцна го победив на Ролан Гарос“, пишува Тим за официјалниот сајт на турнирот во Виена.
Австриецот исто така нагласи што го прави Новак Ѓоковиќ посебен во однос на конкуренција, а меѓу ние се и Рожер Федерер и Рафаел Надал.
„Новак најверојатно е ментално најсилниот играч на сите времиња. Имавме неколку фантастични дуели-екстремно е професионален, секогаш е 100 проценти сконцентриран, а исхраната ја подигна на повисоко ниво. Ѓоковиќ ментално е посилен и од Федерер и од Надал“.
Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим досега имаат играно 11 пати меѓу себе, а српскиот тенисер води со 7:4 во победи.