Ѓоковиќ е „кралот“ за ГОЛЕМИ ТИТУЛИ, еве колку им бега на Федерер и Рафа! (ФОТО)

фото: твитер

Најдобриот српски тенисер кој во понеделникот се врати на врвот на АТП ранг листата, во Мелбурн дојде до 56. трофеј.

Новак Ѓоковиќ после освојувањето на „Австралија опен“ ја зголеми предноста над најголемите ривали, има повеќе најголеми титули во кои се вбројуваат грен слемови, мастерси и АТП финалиња.

Српскиот тенисер кој во понеделникот се врати на врвот на АТП ранг листата, во Мелбурн дојде до 56. трофеј од 186 турнири, (просечно 3.3), додека по два помалку имаат Рожер Федерер и Рафаел Надал.

Ноле сега има 17 грен слем титули, пет триумфи на последните натпреварувања во сезоната и 34 на турнирите од серијата 1.000. Покрај тоа, тој ја комплетираше колекцијата на мастерси.

Колку оваа ера е „брутална“, најдобро голови податокот што далеку зад нив на вечната листа има двајца легендарни Американци. Пит Сампрас застана на 30 (14-5-11), а Андре Агаси на 26 (8-1-17).

На шестото место е Енди Мареј со 18 најголеми титули. Британецот стигна до три грен слема, 14 мастерси, а еден триумф и на завршниот турнир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот