Ѓоковиќ е главен фаворит на УС Опен, ако биде потполно здрав тогаш титулата е негова

epa08259510 Novak Djokovic of Serbia in action during his final match against Stefanos Tsitsipas of Greece at the Dubai Duty Free Tennis ATP Championships 2020 in Dubai, United Arab Emirates, 28 February 2020. EPA-EFE/ALI HAIDER

Поранешниот тенисер Бред Гилберт смета дека годинешното издание на УС Опен ќе го одбележат озненадувачки резултати, но Новак Ѓоковиќ е главен фаворит за титулата.

По отказот на минатогодинешниот шампион Рафаел Надал, УС Опен „се спаси“ откако првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го потврди учеството на грен слем турнирот во Њујорк. Српскиот тенисер веќе се наоѓа во Њујорк каде прво ќе настапи на Мастерсот Синсинати кој ќе се одржи на терените на Флешинг Медоус во Њујорк каде ќе се игра и УС Опен и тоа без присуство на навивачи.

Со ригорозни безбедносни мерки како превенција од коронавирусот, но и поради празните трибини, поранешниот тенисер, но и тренер на Андре Агасо, Енди Родик и Енди Мареј, Бред Гилберт смета дека Ѓоковиќ е апсолутен фаворит, а на турнирот очекува да има доста изненадувачки резултати.

– Има многу непознаници, но доколку Новак Ѓоковиќ е 100 проценти здрав, на оваа подлога тој е апсолутен фаворит. Но, ништо не се знае бидејќи во вакви услови можеби УС Опен е добра можност за големите сервери како Џон Иснер. Ќе биде интересно да се види и доколку некои тенисери играат пет сетови и како потоа ќе се опорават поради ограничениот број на луѓе кои ги имаат во своите тимови. Токму тоа за мене ќе биде најинтересниот дел од УС Опен, бидејќи не сум сигурен на кого тоа ќе му помогне, а не кого може да му одмогне – вели Гилберт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот