Ѓоковиќ е единствен спортист кој донирал пари во три земји за време на пандемијата

Многу светски личности помагаа со разни донации, но посебно се истакна најдобриот тенисер на светот.

Имено, Новак Ѓоковиќ е единствениот спортист кој донирал финансиски средства во време кога светот е погоден од пандемијата на коронавирусот. Ѓоковиќ имаше милионски донации во Србија, во Италија и во Шпанија, а како лидер на Советот на тенисерите презеде иницијатива за формирање фонд за послаборангираните тенисери за да им се помогне во периодот на пандемијата.

Покрај тоа фондацијата на Ѓоковиќ во неколку наврати донираше респиратори и друга опрема на болниците во Србија и Италија.
Исто така заедно со сопругата собраа милион евра за купување на медицинска опрема во Србија.


„Иако Новак Ѓоковиќ предизвика многу критики со организацијата на „Адриа тур“ во Белград и Загреб, никој не може да демантира дека е човек со големо срце кој заслужува респект поради својата хуманитарна работа“, пишува сајтот „sportskeeda.com“ кој го вршеше истражувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот