Ѓоковиќ донира милион евра во борбата против коронавирусот! (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на светот заедно со неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ одлучија да донираат за купување на респиратори и медицинска опрема во Србија.

Новак Ѓоковиќ во едно конференциско дружење со новинарите се јави од Марбеља (Шпанија) и во таа можност зборуваше за својата донација.

Најдобриот тенисер на светот заедно со неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ одлучија да донираат за купување на респиратори и медицинска опрема во Србија.

– Би сакал да започнам со голема благодарност и поздрав до медицинскиот персонал кој со месеци се бори за здравјето на луѓето и се обидува да им помогне на секој можен начин. Непредвидливата и сериозна состојба за сите нас се менува од ден на ден. За жал, бројот на заразени лица се зголемува. Јелена, јас и мојата фондација решивме оваа недела да собереме што е можно повеќе релевантни информации за да утврдиме како најдобро да ги донираме нашите ресурси, знаење, време, пари, како тоа да влијае на најголем број луѓе ширум Србија – рече Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер им се заблагодари и на властите кои беа на располагање во последните неколку дена.

– Се обидовме да комуницираме и со медицинските стручњаци, како и со многу луѓе со добра волја ширум светот кои ни даваат информации. Преку мојот чичко Горан, кој има влијателна мрежа на луѓе на кинескиот пазар, успеавме да дојдеме директно до производител. Чекаме конкретни информации за количеството со цел да ја реализираме донацијата, а моите родители имаат добри контакти во Европа, особено во Германија – додаде Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот