Ѓоковиќ: Донесена е права одлука, едвај ги чекам Игрите во 2021

twitter/ATP Tour

Најдобриот српски тенисер вели дека е тажен поради одложувањето на Олимпијадата, но одлуката е донесена поради здравјето на сите вклучени.

Најдобриот тенисер на светот вели дека е тажен поради одложувањето на Олимписките игри, но верува дека тоа е права одлука.

Летните олимписки игри во Токио дефинитивно се одложени за 2021 година, откако Меѓународниот олимписки комитет го прифати предлогот на јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави слика на која држи патики со кои требаше да настапи летово на најголемиот спортски настан во Јапонија.

Најдобриот тенисер на светот вели дека е тажен поради одложувањето на Олимписките игри, но верува дека тоа е права одлука.

– Оваа слика е од минатата година во Јапонија. Тажен сум поради одложувањето на Олимписките игри, но сигурен сум дека тоа е права одлука поради комплетното здравје на сите вклучени. Едвај ги чекам Игрите во Токио 2021 година – напиша Ѓоковиќ на Инстаграм.

Српскиот тенисер играше на турнирот во Токио лани и ја освои титулата со цел што подобро подготвен да го дочека олимпискиот турнир.

Злато за Србија на ОИ е неговата голема желба, во 2008 година имаше бронзен медал на Игрите во Пекинг (Кина).

Во Лондон 2012 загуби во полуфиналето од Енди Мареј, а потоа од Хуан Мартин дел Потро во мечот за бронзата, додека од Аргентинецот беше елиминиран и пред четири години на самиот старт од тенискиот турнир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот