Ѓоковиќ доби уште еден тренер, специјалист за Вимблдон

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ, доби засилување во тренерскиот тим во пресрет на најпрестижниот тениски турнир, Вимблдон. Нов член на тренерскиот тим е Хрватот Горан Иванишевиќ кој е специјалист за игра на трева.

Новинарите веќе го уловија Иванишевиќ кој заедно со сегашниот тренер Маријан Вајда на денешните тренинзи на Ѓоковиќ кого утре го очекува пресметка со незгодниот Филип Колшрајбер.

– Добив изненадувачки телефонски повик пред неколку денови. Новак сакаше да дојдам неколку денови порано, но имав обврски. Денеска присуствував на тренингот но за жал ќе морам да бидам во тимот на Новак само во првата недела од Вимблдон. Ова е големо признание за мене како тренер, бидејќи Новак не бира било кого да му биде тренер. Ако можеш да му помогнеш, тогаш ќе те избере и мило ми е што ме одбраа мене и што Маријан Вајда се согласува со оваа одлука – изјави Иванишевиќ кој веднаш даде неколку совети за својот нов „клиент“.

– Најважно е Новак да биде подготвен психички. Колшрајбер е добар противник за првото коло кого треба да го почитувате но и ќе ви овозможи вистински тест на стартот. Гледам дека поразот од Тим на Ролан Гарос малку го потресе Новак, но тој е прв фаворит за титулата и доколку биде се во ред, пехарот повторно ќе биде во неговите раце – додаде Иванишевиќ, кој во минатото ги тренираше, Милош Раониќ, Томаш Бердих, Марин Чилиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот