Ѓоковиќ доби неверојатен портрет на терен во Белград и им се обрати на колегите за УС Опен

фото: фејсбук

На теренот на тенискиот клуб Ѓукиќ во Белград, архитектот со македонско потекло Андреј Јосифовски направи досега невиден портрет на Новак Ѓоковиќ. Јософовски го исцрта ликот на Новак на 264 квадратни метри, односно цртежот е долг 24 метри и е широк 11 метри.

Портретот на Ѓоковиќ претставува поддршка за најдобриот светски тенисер откако тој стана цел на напади поради организацијата на „Адриа тур“.

– Новак е човек кој ги реализира нашите соништа и тој на сите ни е мотивација. Тешко е да се најдат големи зборови со кои би го опишале – вели Јосифовски на кого за цртежот му беа потребни шест часа непрекината работа.

портрет на Новак Ѓоковиќ/ фото: фејсбук

Од друга страна, весникот „Марка“ објави дека Ѓоковиќ им се обратил на своите колеги пред одржувањето на УС Опен. Тој како претседател на советот на тенисери им рекол дека ќе се бори сите трошоци да ги покрие организаторот доколку дојде до одложување на грен слем турнирот.

„Ноле им рекол на своите колеги дека ќе бара сите трошоци, вклучувајќи го и превозот и хотелското сместување да бидат платени во случај УС Опен да биде откажан во наредните неколку дена, како и дека постојат тенисери кои веќе го платиле сместувањето и превозот“, пишува „Марка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот