Ѓоковиќ до финалето ги избегна Федерер и Надал

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Ѓоковиќ според најавите в понеделник на стартот од натпреварувањето ќе игра против Германецот Филип Колшрајбер од 14.00 часот.

Србинот не можеше да добие потежок противник, иако во меѓусебните дуели води со 10-2. Колшрајбер претходно го совлада Ноле на „Индијан Велс“.

Во второто коло би можел да „налета“ на Малек Џазири, а потенцијален ривал во третото би бил неговиот сонародник Душан Лајовиќ.

До финалето на „Вимблдон“ ги избегна најголемите ривали за трофејот, Роџер Федерер и Рафаел Надал кои се во вториот дел од ждрепката.

Шпанецот Надал на стартот ќе ги одмери силите против Јуичи Сугита од Јапонија, а во второто евентуално на незгодниот Ник Кирјос. Швајцарецот за ривал ќе го има Лојд Харис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот